Најдобриот кошаркар на Милвоки Бакс, Јанис Адетокунбо, постави нов историски резултат во НБА лигата, со својот настап на дуелот со ЛА Клиперс синоќа. На гостувањето во ЛА, Милвоки славеше со 129:124, а Адетокунбо постигна 38 поени, собра 16 скокови и додаде 9 асистенции.

Со ова постогнување, Гркот стана првиот играч во историјата на НБА лигата, кој постигнал најмалку 200 поени во првите осум натпревари од сезоната, остварил најмалку 100 скока и додал барем 50 асистенции.

Покрај тоа, грчкиот кошаркар стана шестиот играч во историјата на лигата, кој постигна најмалку 30 поени во три одиграни натпревари во низа, собра најмалку 15 скокови и имаше најмалку 5 асистенции. На оваа листа им се приклучи на Карим Абдул-Џабар, Елгин Бајлор, Вилт Чембрлен, Боб Петит и Оскар Робертсон.