Нов тренер, нови методи во Шкендија. По триумфот над Борец од 4:0, тренерот Ернест Ѓока „нареди“ екипата да оди малку на ПЕЈНТБОЛ, да се види кој знае да „пука“. И што ќе види, неговите фудбалери можеби не играат така добро како минатите две сезони кога беа неприкосновени во ПМФЛ, но и тоа како Бесарт, Тотре, Мици, Радески и другите покажаа дека знаат да „пукаат“. Како да се некоја специјална единица на НАТО, а не фудбалери на Шкендија.