И онака тенкиот играчки ростер во Ренова, во наредните неколку месеци ќе биде уште потенок. Имено Јасир Селмани, искусниот играч за врска на „гипсарите“ ќе биде во „аут“ 6-8 месеци и тоа поради тешка повреда.

Имено тој на средбата со Работнички ги повредил предните вкрстени лигаменти, па сега мора да оди на операција. А се знае што тоа значи, тоа е најтешката повреда кај фудбалерите. Инаку по тој меч на Арената, Селмани беше во неколку наврати прегледуван, но на крај се покажа дека во прашање сепак се лигаментите, а тоа значи дека за него сезонава заврши, а тренерот Бујар Османи не ќе може да смета на неговите услуги во средниот ред.