Лудница од натпревар синоќа на Максимир во Загреб. Се играше 90+5.минута, домашните водат со 3:2. тоа значи Адеми и другарите со една нога се веќе во 1/8 финалето. И тогаш шок, домашниот фудбалер Теофил – Катрин со рака во пределот на лицето го удира гостинскиот голман Пјатов.

Тоа судијата Брикс не го виде, но со помош на ВАР системот покажа дека е пенал. Сите мислеа дека тој покажал на белата точка поради фаулот на Ѓира врз Тајсон. И сите динамовци се бунеа, речиси ќе го „линчуваа“ судијата, но само Теофиол – Катрин беше мирен, знаеше што глупост направил. Па така место в џеб Динамо да има 1/8 финале и плус 12.2 милиони евра, сега ќе мора со Манчестер Сити дома и Аталанта на гости да освојува бодови.

Тоа е, поради глупоста на Теофил – Катрин може, и веројатно нема да заврши како втор во групата во ЛШ.

Штета, токму затоа беше гневот на тренерот Бјелица по мечот, кој смета дека ВАР ја уништил оваа средба.

Интересно е дека Брикс воопшто не го виде тој боксерски удар на Теофил – Катрин. Но затоа ВАР гледа, па нека Бјелица се лути на својот играч.