Вардар пред полни трибини ќе го пречека Келце во рамките на седмото коло во Лигата на шампионите. СЦ „Јане Сандански“ на два дена пред мечот речиси е распродаден во слободна продажба има помалку од 250 билети.

Македонскиот првак и пред оваа средба се соочува со проблеми, до последниот тренинг нема да биде познато со кој состав ќе настапи Едуард Кокшаров на дуелот против полскиот тим.

Во една ваква ситуација поддршката од публиката ќе биде и тоа како значајна, по триумфот над Мешков Брест, Вардар успеа да се искачи на второто место на табелата во групата Б, со нови два бода ќе остане на истата позиција.

Вардар и Келце ќе се сретнат двапати во една недела, првиот меч се игра во сабота во Скопје, додека осум дена подоцна европскиот првак ќе биде гостин на полскиот тим.