Засилувањата за македонските кошаркарски прволигаши и натаму пристигнуваат. Новакот во елитата, екипата на ФМП Академија, објави две нови засилувања во трката за што подобар пласман во најсилната конкуренција.

Станува збор за двајца Американци кои ќе ги засилат бековската и центарската позиција. Ноа Блантон (23) игра на бековската позиција, додека Александер Лонг (23) доаѓа како засилување на позицијата крилен центар.