Чилеанецот на голот на Манчестер Сити, Клаудио Браво, вчера го остави на цедило својот тим, откако заработи црвен картон пред крајот на дуелот со Аталанта. Тој влезе во игра во второто полувреме на местото на повредениот едерсон и не издржа да го заврши мечот, откако имаше еден непримерен старт надвор од шеснаесетникот и доби директен црвен картон.

36-годишниот голман стана првиот голман во историјата на Лигата на шампионите кој добил црвен картон откако влегол во игра како замена. За среќа во последните десетина минути од мечот, на голот на Сити застана Кајл Вокер, кој успеа да ја остави мрежата недопрена и Сити да го заврши ова гостување со нерешени 1:1.