Еден од најголемите ривали на Вардар во групата Б во Лигата на шампионите, Келце, в сабота гостува во Скопје во битка за нови бодови, за што повисоко место на табелата.

Ситуацијата и во групата и во „црвено-црните“ редови е тешка, а за тоа е повеќе од свесен стартегот на Вардар.

„Не чека тежок меч. Ја знаете ситуацијата во групата, сите се близу и секоја победа и бод не носат напред, додека секој пораз назад. Ние мислиме само на победа, а мечот ќе покаже што и како ќе биде“, вели Едуард Кокшаров.