Екипата на Нант го доживеа вториот пораз по ред во француското првенство кој ги спушти на шестото место на табелата. Вечерва Нант загуби на гостувањето кај Ним со 26-25 и воедно го доживеа вториот пораз по ред односно трет сезонава после осум одиграни кола, па сега има два бода помалку од вториот Монпеље односно четири помалку од лидерот ПСЖ.

Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров постигна пет гола од 13 обиди за Нант, додека најдобар стрелец беше Мине Ајмерик со шест гола од 11 обиди. Валеро Ривера исто така имаше солиден настап (4/5) меѓутоа домашните беа поумешни во финишот на мечот кога направија пресврт и победија.