Што се случува со ПСВ? Холандскиот гигант кој важи за фаворит да ја помине групната фаза во Лига Европа вечерва доживеа тотален нокдаун на гостувањето во Линц. Изгуби со 4:1 од ЛАСК! Нешто не е во ред со тимот од Ајндховен… Западна во сериозна криза која трае од 19 октомври кога изгуби убедливо од Утрехт (3:0), следуваше реми без голови со ЛАСК на домашен терен, па се посрамоти дома со поразот од АЗ со 4:0, па одигра 2:2 со Спарта Ротердам, а сега доби уште една шлаканица која тотално ги зашемети.

Водеа по првите 45 минути со голот на Шваб од пенал, а во второто полувреме ЛАСК даде четири гола (Ранфл, Фризер и Клаус два). Австријците ја презедоа позицијата 2 во групата Д, ПСВ падна на третата, а Спортинг по триумфот над Розенборг е лидер со девет бодови.