Српскиот освојувач на Купот Партизан се понадева на чудо на „Олд Трафорд“ но тоа не се случи. Се понадева на добра игра, слична како на првиот меч на свој терен кога загуби минимално со гол од пенал, но на „Олд Трафорд“ четата на Оле Гунар Солскјер си победи рутински и освои три бода.

Резултатот 3:0 во корист на Јунајтед кој означи пласман во нокаут фазата за најтрофејниот англиски клуб, додека Партизан ќе проба да се „извади“ на наредните два меча против АЗ и Астана.

Тинејџерот Мејсон Гринвуд го отвори резултатот со гол во 22 минута, а зголеми Антони Марсијал во 33. минута. На почетокот на вториот дел Маркус Рашфорд трет пат ја затресе мрежата на гостите од Србија.

Standings provided by Sofascore LiveScore