Првиот голман на Тотенхем, Уго Лорис, сепак, ќе мора на операција на левиот лакт. Францускиот чувар на мрежата на лондончани се повреди на мечот со Брајтон во октомври, па лекарите чекаа да бидат како ќе напредува опоравувањето по дислокацијата на лактот.

Тој падна незгодно и, првично, се сметаше дека нема да му треба операција. Но, лекарите по најновите прегледи констатирале итна потреба од хируршка интервенција, затоа што лактот бил нестабилен.

„Нашиот капитен останува на курсот да се врати на тренинзите на почетокот на следната година“, се вели во соопштението од Тотенхем.