Нашата женска репрезентација утре ќе го одигра четвртиот натпревар во квалификациски натпревар во Групата 6 за пласман на ЕП. Мечот се игра со почеток од 18 часот и тоа на Арената „Тодор Проески“. Ова ќе биде нивни прв меч во историјата на женската селекција да се игра на нашиот најголем стадион.

Инаку на овој натпревар против силната селекција на Австрија, ќе бидеме драстично хендикепирани. Имено селекторот Изов не може да смета на нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова, која е повредена. Исто така во комбинација поради повреда нема да биде и Романа Трајковска.

Досега, во изминатите три квалификациски меча во групата, нашата најдобра женска селекција освои три бода на три меча. Дома ја победивме селекцијата на Казахстан со 4:1, а загубивме на гости од Австрија со 0:3 и од Србија дома со 0:6. Па така во групата во моментов сме на 4.место со три бодови.

Во пресрет на мечот, селекторот Изов изјави:

„Веќе неколку денови се подготвуваме во Скопје за претстојниот натпревар против Австија. Нашата репрезентација е ослабена за овој дуел бидејќи не можеме да сметаме на капитенката Наташа Андонова поради повреда, а од истата причина ја немеме ниту Романа Трајковска. Австријките се силна репрезентација, фаворити за победа на утрешниот дуел, но сепак се надевам дека ќе бориме во текот на сите 90. минути и ќе биде убав фудбалски натпревар на Националната арена“, изјави селекторот Кирил Изов.