Фудбалската легенда Луиз Назарио де Лима, познат како Роналдо одлучи да купи уште еден фудбалски клуб.

Иако тој е сопственик на 51 посто од шпанскиот клуб Реал Ваљадолид, наскоро ќе стане сопственик и на клуб во Португалија.

„Барам клуб кој ќе го купам. Во почетокот фокусот ми беше клуб од Шампионшип, но за таму ми требаат многу пари, клубовите се на цена во Англија. Затоа се насочив кон Португалија, но се уште барам клуб во кој ќе вложам“, откри Роналдо на конференцијата на „Веб Самит“ во Лисабон.

Што се однесува до неговото вложување во Реал Ваљадолид, кое го чинеше 30 милиони евра, тој вели:

„Барав тим со силна историја, а Реал Ваљадолид во своите 90 години постоење долго играл во елитата. Се ми одговараше, од цената до фактот дека тоа е единствен клуб во град од 300 илјади жители, кој се наоѓа на час и 40 минути возење од Мадрид. Тоа беше одлична можност.“