Во пресрет на супер дербито Ливерпул -Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се обиде да испровоцира противникот. На мета беше и фудбалерот на „црвените“ Мане за кого изјави дека има голем талент, но истовремено е роден глумец.

„За Мане што да се каже? Тој е страшен талент. Има талент за фудбал, но има и за глума, тој е роден глумец, мајстор за симулирање“, рече Пеп.

Во одбрана на својот играч застана Јирген Клоп, а Гвардиола доби одговор и од Мане.

„Дали ќе добијам пенал доколку симулирам? Ако е тоа решението постојано ќе го правам тоа. Немам намера да го менува стилот на игра. Што се однесува до Сити, ќе биде возбудливо, се радуваме. Овој меч ќе биде вистински тест за нас. Најважно е да бидеме подготвени и да оствариме позитивен резултат“, изјави Мане.