Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд, остварил долга средба со Ралф Рангник, шеф за развој и спорт во Ред Бул, со намера да го убеди да се пресели на „Олд Трафорд“. Според информациите, Манчестер Јунајтед бара решение за испразнетото место спортски директор, кој во индина треба да управува со клупските трансфери.

Претходно, имаше информации дека легендите на тимот Рио Фердинанд и Едвин ван дер Сар се главни кандидати за оваа позиција. Ралф Ранкник претходно изјави дека е задоволен од неговата позиција во РБ Лајпциг и Ред Бул Салцбург, но не негираше дека може да се случи трансфер во друга екипа. Според 61-годишниот специјалист, евентуалното заминување во англискиот клуб ќе значи сериозна одговорност за него.