Македонските репрезентативци, Филип Талески и Жарко Пешевски и нивните тимови се пресметаа во 11. коло во Бундес-лигата.  Балинген и Штутгарт кои се наоѓаат во долниот дел од табелата понудија одличен меч со многу промени на водството, на крајот натпреварот заврши без победник 25-25.

Тимот на Пешевски во поголем дел од мечот имаше водство на полувремето замина со 13-15, а потоа до самиот финиш ја одржуваше минималната предност. Но, Талески и неговите соиграчи не се откажаа со два гола во низа се изборија за бод.

Пешевски беше стрелец на четири гола од исто толку обиди, додека па Талески имаше еден погодок од четири обиди и две асистенции.

По 11. коло, Балинген е на 14. место со осум бода, додека Штутгарт е веднаш зад него со два бода помалку.