Девет натпревари се одиграни синоќа во НБА и сите минаа без поголема драма со исклучок на средбата меѓу Далас и Орландо, додека кошаркарот на Детроит, Тони Снел влезе во историјата.

Тесна победа запиша Далас во дуелот со Орландо, 107:106 пред своите навивачи, каде Никола Вучевиќ не погоди тројка за гостите во последните секунди, а претходно Сет Кари не успеја да ги реализираше двете слободни фрлања.

Одбраната го спаси Далас како и одличниот Лука Дончиќ со 27 поени, следен од Макси Клебер 14 поени. Кај Орландо Арон Гордон постигна 23 поени, додека Вучевиќ имаше 19 поени и 11 скокови.

Бојан Богдановиќ, пак, ја постигна клучната тројка за победа на Јута против Филаделфија, 106:104. За Јута ова е петта победа на домашен терен сезоната, додека Сиксерси го претрпеа вториот пораз.

Гостите имаа предност од 36:44 на почетокот на вториот дел, но токму Богдановиќ беше човекот за пресврт, со 11 поени, а потоа и на две минути до крајот (103:101) постигна тројка со која ја откажа Филаделфија.

Донован Мичел беше најефикасен со 24 поени, додека Богдановиќ постигна 20 поени. Кај Филаделфија Џоел Ембид имаше 27 поени и 16 скокови, додека Још Ричардсон запиша 24 поени.

Детроит дојде до четвртата победа сезонава над Њујорк (122:102) предводен од Тони Снел. Тој средбата ја заврши со 24 поени (3/3 за два, 6/6 за три) и стана првиот играч во историјата на НБА со стопроцентен учинок со барем шест погодени шутеви за три поени, а дури деветти е на вечната листа. Андре Друмонд имаше 27 поени и 12 скокови.

Јулиус Рендл со 20 поени беше најдобар кај Њујорк, додека Маркус Морис постигна 18 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Њујорк      122:102

Индијана – Вашингтон         121:106

Атланта – Чикаго       93:113

Хјустон – Голден Стејт          129:112

Торонто – Сакраменто          124:120

Мемфис – Минесота            137:121

Далас – Орландо       107:106

Јута – Филаделфија   106:104

Л.А. Клиперс – Милвоки      124:129