Од толку голмани, синоќа Пеп Гвардиола од пораз од Аталанта го спасуваше бекот Кајл Вокер, бекот кој застана на голот на Манчестер Сити.

Инаку како голман на Сити мечот го започна Едерсон, кој на полувреме поради повреда беше заменет со Клаудио Браво. Овој пак во финишот на мечот доби црвен картон и мораше предвреме да го напушти теренот. И немаше кој, па Пеп мораше да го стави на голманската линија Вокер кој на изненадување на сите одлично си ја заврши работата. Дури се покажа во статистиката и акко подобар голман од Браво, имено Вокер имаше една одбрана, а Клаудио Браво ниту една додека беше на голот.