По триумфот на домашен терен над Химки во минатото коло, Црвена Звезда не успеа да приреди нова сензација во Евролигата. Српскиот тим на домашен терен беше совладан од Реал Мадрид со убедливи 60-75 во рамките на седмото коло во најелитното европско клупско натпреварување.

Црвена Звезда успеа да ја добие само третата четвртина, но тоа не беше доволно за да се урне „кралскиот тим“, кој предводен од Серхио Љуљ и неговите 16 поени стигна до четвртата победа сезонава. Зад него беше Руди Фернандез со 12 поени.

Претходно Химки на гостувањето кај Зенит замина со убедлив триумф од 73-87.