Неверојатната вечер на 18-годишниот Бразилец Родриго во дресот на Реал е топ-тема во шпанскиот печат. Трите гола против Галатасарај и блескавиот настап во сите 90 минути го воодушевија и тренерот Зидан, но исто така потсетија на славните денови на некои од најголемите легенди на тимот.

Шпански „Ас“ пишува дека Родриго има подобар старт на кариерата во Реал дури и од имиња како Бутрагењо и Раул Гонзалес.

На Бразилецот му беа потребни само шест натпревари и 370 минути на теренот за да ги постигне своите први пет гола за Реал Мадрид. На едно од најспоменуваните имиња во историјата на клубот, Бутрагењо, му беа потребни дури 11 натпревари и 665 минути за да дојде до првите пет гола за Реал.