Најдобриот фудбалер во ПМФЛ во досегашниот дел од првенството, вардарецот Даниел Аврамовски, е повикан за сениорската репрезентација на Македонија за престојните две завршни средби од квалификациите за ЕП 2020. Аврамовски ќе биде ново име во списокот на селекторот Игор Ангеловски, кој треба официјално да биде објавен утре на прес-конференција.

Со оглед на повредите, Ангеловски за следниот репрезентативен собир, сепак, нема да може да смета на Бејтулаи, Адеми и Радески. За утре во ФФМ е закажана прес-конференција на која ќе биде обелоденет списокот на фудбалери повикани за дуелите со Австрија и Израел.