Килијан Мбапе со ПСЖ има договор до 2022 година, но со месеци за зборува за негов трансфер во Реал Мадрид. Во таборот на кралскиот тим сонуваат да го доведат најдобриот млад играч, пред два дена на таа тема зборуваше и Зинедин Зидан.

По изјавата на францускиот стратег брзо дојде и реакција од ПСЖ.

„Целата ситуација помалку иритира. Но се случува првпат, навистина е досадно. Килијан е важен играч за нас, има уште две и пол години од договорот, па токму затоа е залудно да зборуваме за некои сонови. Да престанеме веќе со тоа“, рече спортскиот директор на ПСЖ, Леондардо.