Арсен Венгер нема да седна на клупата на Баерн Минхен и покрај неговата желба. Билд објави дека Карл Хајнц-Румениге и францускиот стратег имале средба, искусниот тренер бил подготвен да ги прифати условите, но во последен момент го известиле дека се предомислиле.

Истиот медиум „Билд“ тврди дека Масимилијано Алегри ќе биде наследникот на Нико Ковач. Италијанскиот тренер кој е без работа неколку месеци по заминување од Јувентус веќе утре ќе седне на маса со челниците на баварскиот тим.