По победата со гол во последните минути од натпреварот во Москва, екипата на Јувентус го трасираше патот во нокаут-фазата од ЛШ, но навивачите беа збунети од одлуката на Маурицио Сари да го извади од игра Кристијано Роналдо во моментите кога Јуве се бореше за втор гол за победа.

По средбата, стратегот на италијанскиот шампион ја објасни неговата одлука и причината за замената на португалската ѕвезда во тимот.

„Кристијано Роналдо беше лут затоа што не беше во ред, а не затоа што излегува. Тој во последните неколку дена имаше проблем со коленото, што го преоптоварува бутот и ова го замори премногу. На полувремето беше загрижен за тоа. Потоа, кога го видов како направи потег што не ми се допаѓа, го сменив затоа што се плашев дека може да направи повеќе штета отколку добро. Му треба малку одмор“, изјавил Сари.