Убави натпревари од 4.коло во групната фаза на Лига Европа, а дуелот помеѓу Лацио и Селтик во Рим заврши со победа на гостите од Глазгов со 2:1. Италијанците го отворија резултатот со голот на Имобиле, меѓутоа Селтик во 38 минута изедначи со голот на Форест и киксот на одбраната на „небесно-сините“. Лацио имаше посед и подобри шанси за гол, но шкотскиот првак во самиот финиш на мечот ги казни домашните за промашувањата. Поточно, во 95 минута Нчама донесе победа за Селтик и пласман во нокаут фазата.

Интересно ова е прва победа на Селтик на гостински терен против италијански опонент (во 13 обид).

А во вториот меч од оваа група Клуж на свој терен го совлада Рен со 1:0 со гол на Рондон во 87. минута, а истиот играч доби црвен картон три минути подоцна. Во 94 минута гостите ја затресоа мрежата на романскиот шампион но голот беше поништен поради офсајд. После вечерашните мечеви Клуж е многу блиску до место во наредната фаза затоа што има девет бодови (Селтик е прв со 10 гола), а Лацио има само три на третата позиција, додека Рен е последен со еден бод.