Денеска е претставен проектот на новиот стадион на Бока Јуниорс славната „Бонбоњера“. Процесот на модернизација на стадионот препознатлив по рамната трибина го претстави кандидатот за претседател на Бока Жозе Бералди. Во случај на реконструкција рамната трибина ќе биде срушена, на тоа место ќе биде изградена нова па капацитетот на стадионот ќе биде зголемен од 49.000 на 70.000 места за седење.

Инаку, изградбата на трибината нема да и попречи на улицата до стадионот затоа што таа ќе биде под трибината. Видете на видеото како ќе изгледа сето тоа…