Во Европа на големо се зборува за дриблингот на Ненад Димитријевиќ на вчерашниот дуел против Нантер во рамките на Еврокупот. Видеото од последните секунди во Бадалона се прегледува постојано, а има и што да се види.

Македонскиот репрезентативец убаво го извади од патики противничкиот кошаркар, а потоа реализираше два поени и едно дополнително слободно фрлање за голема радост.

Дел од српскиот медиуми Нено го споредија со Дерик Роуз поточно неговиот дриблинг.