Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, како и другите вардарци в сабота нема да го пречека само големиот ривал Келце, туку и големиот другар, Игор Карачиќ, кој седум сезони во носеше „црвено-црниот“ дрес и со кој заедно двапати се качија на кровот на Европа.

Ќе биде чудно да се игра против екс-соиграчот, но пикерот се надева дека на крајот Кара ќе биде тој што ќе си замине разочаран.

„Сум играл многупати со репрезентација против Кара, но сега ќе биде поинаку. Некој ќе плаче на крај, а се надевам дека тој ќе си оди разочаран од Скопје“, се пошегува Стоилов и додаде: „Не чека тежок меч со Келце, кој е секогаш незгоден, секогаш играме интересни натпревари со многу борба и тензија, па верувам дека така ќе биде и сега. И тие се во иста ситуација како нас, со многу повредени играчи и лимитирана клупа. И ние н знаеме на што сме, но играме пред наша публика, наше е да дадеме се од себе и да победиме.“