Дуелот меѓу македонските репрезентативци, Филип Талески и Жарко Пешевски во Бундеслигата заврши без победник, односно Балинген и Штутгарт одиграа нерешено, 25:25, а по средбата репрезентативните колеги заедно ја прославија братската делба на бодовите.

Талески, кој ја имаше улогата на домаќин, заедно со неговата сопруга и ќерка се погрижија Пешевски да има пријатен престој во Балинген.