Со вкупни 9:8, У-16 селекцијата на Македонија во пријателски натпревар, по подобро изведување на пеналите, успеа да ја победи соодветната селекција на Романија. Тоа значи дека и во вториот контролен меч со оваа селекција, избраниците на Драган Канатларовски – Цапар победија на пенали.

Да кажеме дека по истекот на регуларниот дел од средбата меѓу Македонија и Романија, беше 2:2. Македонија двапати водеше, Романија двапати израмнуваше.

Инаку Македонија поведе со голот на Гуџуфи во 70.минута со голот на Гуџуфи, потоа десет минути подоцна истиот играч носи водство, по еден убав соло продор, на 2:1.

Головите за Романија пак ги постигнаа Русу и Неучу, овој вториот беше во 90.минута за 2:2, и тоа по грешка на нашиот голман.

Инаку за нашата репрезентација настапија: Василев, Стоилов, Зекири, Буќи, Ангелов, Ѓоршиев, Талевски, Гуџуфи, Павлевски, Љушев, Софијаноски. Мечот од клупа го почнаа Тасев, Ристов, Елези, Стојановски, Јаневски, Здравковски, Поповски, Митев, Хамза.