Борусија Менхенгладбах ја совлада Рома со 2:1 во 4. коло од групата Ј во Лигата на Европа и скокна на второто место на табелата. На овој меч се случи нешто интересно. Имено играчот на Рома Федерико Фацио постигна автогол, а потоа и гол за Рома и стана само третиот фудбалер после Бруно Виана и Габриел Силва направиле такво нешто во Лигата на Европа.

Резултатот беше 1:1 се до 95 минута кога „ждребињата“ со голот на Алесане Плеа го победија римскиот тим. Да потсетиме Борусија со гол во судиското продолжение се спасија од пораз и на „Олимпико“.

Севиља запиша победа од 5:0 на гости кај Астана, Севиља славеше со 5:2 против Дуделанж, но најубедливиот пораз вечерва го доживеа Лудогорец на гостувањето кај Еспањол. „Папагалите“ победија со 6:0, а за гостите ова беше хаотичен меч затоа што освен што си заминаа со полна мрежа играа и со двајца исклучени играчи.

Еспањол на полувреме водеше со 3:0, а гостите во 35 минута останаа со двајца играчи помалку (исклучени Форстер и Горалски). Во вториот дел каталонската екипа даде уште три гола за убедлива победа и пласман во 1/16 финалето (сите стрелци беа различни Мелендо, Мармол, Варгас, Кампуцано, Педроса и Фереира).

А Порто падна во Глазгов. Ренџерите со головите на Мерлос и Дејвис во период од 69. до 71. минута го победија португалскиот гигант со 2:0.

ДРУГИТЕ РЕЗУЛТАТИ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ