Денеска беа одредени квалификациските групи за Европското првенство во футсал во 2022 година. Турнирот ќе се игра во нов проширен формат од 16 екипи на финалниот турнир, а рекордни 50 репрезентации се пријавени за учество од кои 33 се вклучени во 1 фаза од квалификациите.

Македонија е домаќин на групата И, а противници се Велс и Норвешка. Турнирот ќе се игра од 29 јануари до 1 февруари во Скопје. Победниците на осумте групи ќе им се приклучат на 16-те во главната квалификациска фаза, а деветте второпласирани заедно со пет најдобро третопласирани ќе одат во плеј-оф за пополнување на останатите места во главната квалификациска рунда.