Хаосот во Наполи, се чини дека продолжува со несмалено темпо. Откако минаа два дена од бунтот на играчите кои не сакаа да ја послушаат наредбата на газда Де Лаурентис да останат во карантин, повеќе од сигурно е дека ќе следува жестока реакција на првиот човек на Наполи.

Како што пишуваат медиумите во Италија, Де Лаурентис ги дознал водачите на бунтот, тоа биле Каљехон и Мертенс, тука биле исто вмешани и Инсиње, Алан и Кулибали. Сега сите очекуваат каква ќе биде неговата одмазда, а во нејзе никој не се сомнева. Де Лаурентис сака да си го обели образот и сигурно ќе има драстични казни за иницијаторите на овој бунт.

Инаку повеќе од сигурно е дека некои играчи на Наполи ќе „летаат“ од клубот, некои ќе си заминат, а исто така се очекува многу брзо тренерската клупа да ја напушти и Карло Анчелоти. За негов наследник се шпекулира со името на Спалети.