Игор Ангеловски денеска го соопшти списокот на фудбалерите со кои ќе настапи на дуелите со Австрија и со Израел. Тој го образложи списокот на фудбалери, го нема Адеми кој иако настапи со Шахтјор, нема да може да игра за репрезентацијата поради повреда.

АДЕМИ ПАУЗИРА ШЕСТ НЕДЕЛИ

„Адеми отпадна, има фрактура на стопалото, и докторите предвидуваат шест недели пауза, Бејтулаи отпаѓа, се враќаат Барди и Велковски. Кај Велковски ситуацијата е иста како Ристовски претходно. Алиоски ја санираше повреда и очекувам да биде „фит“ – рече Ангеловски.

АВРАМОВСКИ ЗАСЛУЖИ ПОВИК

„Што се однесува до Даниел Аврамовски, мислам дека со своите игри заслужи да биде дел од националниот тим. Се враќа и Никола Ѓорѓев во селекцијата за кого сметам дека мора да има место во оваа селекција“, изјави Ангеловски.

КОГА Е РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ВО ПРАШАЊЕ, СЕКОЈ МЕЧ Е ВАЖЕН

Ангеловски не се согласува дека овие два натпревари немаат никакво значење.

„Секогаш кога се игра за репрезентацијата, кога се бранат боите на државата, одиме на три бода. Секој позитивен резултат носи бенефит. Не се сложувам со тоа дека играме без оптоварување. До пред овој меч бевме во игра за ЕП. Од друга страна треба да размислуваме за Косово. А бидејќи немаме мечеви до март после овие два меча, ќе послужат како еден вид на проба и подобро воигрување“, смета Ангеловски.

ЗА МЕНЕ АВСТРИЈА НАЈМНОГУ ПОКАЖА

„Ни следува мечот со Австрија, која според мене најмногу покажа во овие квалификации. Навистина не надиграа во Скопје. Но, тоа нека биде мотв плус за нас повеќе да покажеме квалитет, да дадеме максимум за добар резултат“, изјави селекторот.