Атлетико Мадрид заработи казна од 40.000 евра за стоење на навивачите на скалите за евакуација за време на дербито со Реал Мадрид во шпанската лига.

Комисијата за борба против насилството при изрекувањето на санкцијата објасни дека било опасно да бидат блокирани излезите за евакуација.

„Атлетико неколкупати беше предупредуван и ова не е првпат и претходно сме го санкционирале клубот за слични работи.“

Казна заработи и Осасуна, 20.000 евра за слични недостатоци во организацијата на мечот против Бетис.

Ниту второлигашите не се поштедени, па така Кадиз доби казна од 10.000 евра поради истакнување на недозволени транспаренти од неговите навивачи во мечот со Лас Палмас.