Француски Л’Екип ги објави буџетите на клубовите кои сезонава настапуваат во Евролигата.

Барселона е најскапата екипа во лигата, која вреди 41 милион евра. Ова се должи на фактот дека Каталонците направија комплетен ремонт на тимот, како и тоа дека екипата ја предводи стратег со НБА искуство, Никола Миротиќ.

На дното е Црвена Звезда, односно белградскиот клуб има „скромен“ буџет од само 8.3 милиони евра.