Ракометарките на Пелистер доживеаја тежок пораз на гостувањето кај Заечар во првиот меч од првата рунда на Челинџ Купот. Српскиот состав ги преслуша битолчанки со преубедливи 50-20.

Доминацијата на Заечар се виде уште во првиот дел кога имаа предност од 26:7.

Во слабиот состав на битолскиот тим Талевска со 6 погодоци беше најефикасна. За утре во 17 часот е закажан и реванш дуелот, кој исто така се игра во Заечар.