Златан Ибрахимовиќ дефинитивно се враќа во Серија А, а според главниот информатор на американската МЛС-лига, Деан Гарбер, тој веќе ги има договорено сите услови и детали со Милан.

38-годишиот Швеѓанин во декември ќе стане слободен играч со оглед на тоа дека му завршува договорот со Л.А. Галакси.

„Златан е многу интересен лик, со него секогаш е забавно. Мора да постојат и такви луѓе кои ги менуваат поставените норми, како тоа што го правеше Дејвид Бекам. На 38-години оди во Милан, во еден од најголемите клубови на светот. Каде и да имал поставувал рекорди, а сега се враќа во Серија А“, изјави Гарбер.

Ибрахимовиќ во Милан веќе играше како позајмен играч од Барселона, со кој во 2011 година ја освои Серија А, а има постигнато 56 гола во 85 натпревари.