Чуварот на мрежата на Леванте Аитор Фернандез ќе го пропушти неделниот дуел против Атлетико поради несекојдневна причина. Фернандез место да брани на натпревар од шпанското првенство, мора да работи на парламентарните избори.

Парламентарните избори во Шпанија се закажани за во недела, а Фернандез е повикан да работи како набљудувач во родниот град Мондрагона. Сите шпански државјани мора да одговорат на повик на локалните изборни единица од нивните родни градови, а за тоа земаат и надомест од 65 евра. Леванте веднаш побара тој да биде ослободен, но од Мондрагона стигна негативен одговор.