Дефанзивецот на Академија Пандев Диме Димов, требаше да биде дел од „А“ националниот тим на Македонија за дуелите со Австрија и со Израел. Меѓутоа поради повреда на коленото нема да може да биде дел од репрезентацијата.

Тој нема да игра на утрешниот меч против Ренова и тоа ќе биде голем хендикеп за Академија Пандев. Поради повреди од тимот на Академија Пандев за репрезентацијата мораа да откажат и Љупче Дориев и Ѓорѓи Стоилов, кои беа дел од селекцијата на мечевите со Словенија и со Полска.