Навивачите на Јуве можат да здивнат. Маурицио Сари за неделното дерби со Милан ќе може да смета и на неизвесните, Кристијано Роналдо и Матиас Де Лихт.

Во недела навечер, Јувентус ќе има сериозна битка со „росонерите“ во пресрет на репрезентативната пауза, па Сари стравуваше дали ќе ги има на број сите стартери на кои смета во најголемиот дел од сезоната. Денешните лекарски вести од Торино велат дека и Роналдо и Де Лихт тренирале без проблеми и ќе бидат во стартниот тим за големото дерби.

Некои информации велат дека Сари може да се одлучи да го стави како стартер и Даглас Коста, кој ја реши средбата со Локомотив Москва во Лигата на шампионите.