Големата надеж на шпанскиот фудбал Дани Олмо влезе во списокот на играчи на селекторот на Шпанија Роберто Морено за претстојните квалификациски натпревари за ЕП 2020 против Малта (15 ноември) и Романија (18 ноември).

После одличните партии на 21-годишниот фудбалер за Динамо, посебно во натпреварите од ЛШ но и младата шпанска репрезентација само прашање на време беше кога тој ќе добие шанса во најсилниот тим. Дојде и тој момент.

Интересно, Дани Олмо е единствениот во оваа селекција на Морено, кој нема одиграно ниту еден натпревар во Ла Лига. Тој минал низ младинските категории на Еспањол и Барселона, а во Динамо пристигна во 2014 година со тоа што прво во младинскиот погон, а една година подоцна дебитираше за А тимот.