Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ најверојатно во зимскиот преоден рок ќе замине од Камп Ноу, пишува Ел Мундо Депортиво.

Хрватот никако да се избори за место во Барселона, а според каталонскиот медиум Јувентус веќе некое време ја следи ситуацијата на Ракитиќ во клубот, а истото се случува и со Интер, чии тренер Антонио Конте сака да зима да донесе искусно и докажано засилување.

„Ракитиќ ќе продолжи да се бори за своето место во Барселона, но ако ситуацијата не се смени Хрватот оваа зима би можел да замине во клуб со изразени амбиции во Лигата на шампионите“, тврди Ел Мундо Депортиво.