Сенегалскиот репрезентативец Мбаје Диање е казнет од страна на неговиот клуб Бриж поради тоа што го промаши пеналот на мечот со ПСЖ во тековното коло од Лигата на шампионите.

Тренерот на Клуб Бриж, Филип Клeмoн, објасни дека казната е поради тоа што Ханас Ванакен бил назначен да шутира пенал, а не Диање.

Диање беше фаулиран за пеналот, ја зеде топката и не дозволи никој друг да бие. Неговиот шут го одбрани голманот на ПСЖ, Кејлор Навас

„Тој нема да се појави во тимот за нашиот натпревар во лигата во Антверпен в недела“, рече Клемен на прес-конференцијата во петокот.

„Дополнително ќе одлучам во наредните недели или месеци за евентуално негов враќање во тимот. Исто така, тој ќе си добие и ’дебела’ финансиска казна“, дополни Клемен.