Коментарите на Зинедин Зидан околу играчот на ПСЖ Килијан Мбапе, како и неговите обиди да го донесе Французинот во Реал Мадрид по завршувањето на неговиот договор со „светците“ ги изнервира челниците на францускиот гигант.

„Малку иритира сето ова. Не се случува првпат и станува досадно. Килијан е важен за нас, има уште две ипол години договор, така што да се зборува за некои сонови е лудо. Ајде да престанеме веќе со тоа“, изјави спортскиот директор на ПСЖ, Леонард.

Но, Зидан се чини дека нема намера да запре.

„Само го кажав тоа што тој го изјави. Реков дека Мбапа сонува да игра за Реал Мадрид. Ќе го кажат тоа и повторно, ќе го кажам тоа колку пати сакам“, повторно провоцира Зидан.