Следниот вардаров противник во Лигата на шампионите, Келце, попладнево во Скопје ќе допатува без тројца ракометари – Аркадиус Морито, Томас Гебала и Матеус Јаклевски.

Морито има скинат абдоменален мускул и го чека пауза од најмалку три недели, односно оваа полусезона од Лигата на шампионите за него е завршена.

Гебала и Јаклевски, пак, се уште во фаза на рехабилитација по повредите.

Талант Душебаев ќе може да смета на Даниел Душебаев и Бранко Вујовиќ.

Келце денеска пристигнува во Скопје, а попладнево ќе го одработи единствениот тренинг, пред утрешниот меч во „Јане Сандански“ (17:30 часот) во кој Полјаците и Вардар ќе водат директна битка за второто место во групата Б.