Арсен Венгер се поврзува со клупата на Баерн Минхен како замена за Нико Ковач. Меѓутоа додека трае „сагата“ со нов тренер, две сосема спротивни изјави излегоа во јавноста.

Венгер тврди дека немал никакви контакти со „Баварците“.

„Никој не ме контактирал од Баерн ниту сум имал контакти“, изјави кусо Венгер.

Од друга страна наводно од раководството на Баерн тврдат дека Венгер се понудил сам, но дека бил одбиен.

Кој е во право, и кој ја говори вистината?