Селекторот на Италија Роберто Манчини го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета во евроквалификациите против Босна и Херцеговина (15 ноември) и Ерменија (18 ноември). Со екипата се тројца дебитанти и тоа централниот бек на Бреша Андреа Кистана, халфот на Фиорентина Гаетано Кастровили и крилото на Болоња Рикардо Орсолини. Ветераните Буфон и Де Роси остануваат надвор од екипата исто како и Марио Балотели. Има уште тројца новаци во однос на списокот за претходните два натпревари на „Аѕурите“.

За првпат оваа година се вклучени халфот на Удинезе Роландо Мондрагона и напаѓачот на Сасуоло Доменико Берарди, додека Емерсон Палмиери се враќа по едномесечното лекување од повреда.