Иако го продожи договорот изминатото лето, во Рома веќе бараат замена за Един Џеко. Тој беше на излезни врати, требаше да замине во Интер, но го продолжи договорот.

Сепак, Рома сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот со тоа што ќе го донесе швајцарскиот репрезентативец Харис Сеферовиќ, кој има потекло од БиХ.

Сепак, проблемот е тоа што Сеферовиќ има договор со Бенфика до 2021 година, а неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра.